Простор во кој е буквално искористен секој милиметар
Доколку можеби ви се чини дека во 23 метри квадрани животен простор не може да се направи многу, естонката Лиси Вали докажува дека со доза на креативност и снаодливост во толку малку квадрати може да се постигне многу, па дури и повеќе.
Таа пронашла инспирација за уредување на ова станче во старите европски ентериери. Сака да комбинира старо и ново, различни стилови и материјали со цел да изгледа лесно и прозрачно, сака традицонален стил со доза на модерен.
Во текот на уредувањето се инспирира од Инстаграм а тука се и книгите и магазините за ентериер, како и филмовите.
Кога е во прашње уредувањето на мали простори како нејзиниот, смета дека е важно да се користат светли тонови со цел станот да изгледа визуелно поголем. Користи многу бела боја, речиси целиот нејзин мебел е бел. Белината ја разбива и со комбинација на некои дезени.
Смета дека во нејзиниот мал простор е секогаш добра идеа да се користи повеќенаменски мебел. Така на пример нејзиниот кауч по потреба се претвара во кревет за гости.