1. Ослободете се од потребата постојано да докажувате дека сте во право
Постојат многумина кои не го прифаќаат фактот дека грешат и се обидуваат да им го докажат тоа на другите. Ако сте од тие луѓе, обидете се да ја контролирате таа потреба и прифатете го фактот дека не сте секогаш во право.
2. Престанете да контролирате сè
Бидете подготвени да се откажете од контролирање на сè што се случува во вашето опкружување: ситуации, настани, луѓе итн. Без разлика дали се работи за роднини, блиски пријатели, колеги или странци на улица.
3. Престанете да ја префрлате вината на другите
Ослободете се од потребата да ги обвинувате другите за она што е во ваши раце или не, за она што го чувствувате или не го чувствувате.
4. Контролирајте ги негативните мисли
Многу луѓе си прават штета само затоа што дозволуваат негативни мисли и емоции да ги контролираат нивните животи. Не верувајте во сè што ви кажува вашиот логичен, здрав разум. Вие сте подобри и поспособни за повеќе отколку што мислите.
5. Престанете да се жалите
Ослободете се од потребата постојано да се жалите на безброј работи: луѓе, ситуации, настани што ве прават несреќни и тажни. Никој не може да ве направи несреќен и ниту една ситуација не може да ве растажи освен вие самите.
6. Не критикувајте
Престанете да ги критикувате луѓето кои се различни од вас и настани што не ги исполнуваат вашите очекувања. Сите луѓе се различни.
7. Ослободете се од потребата да оставите добар впечаток кај другите
Престанете да се преправате и бидете тоа што сте навистина. Соблечете ја маската, прифатете го и сакајте го вашето вистинско СЕБЕ.
8. Престанете да се спротивставувате на промените
Промените се нормални, тие се неопходни за да можеме да се движиме од точката А до точката Б. Промените ни помагаат да ги разубавиме нашите животи и животите на луѓето околу нас.
9. Не лепете етикети
Престанете да лепите етикети на луѓе и настани што не ги познавате или едноставно не ги разбирате. Постепено откријте го значењето на новите работи.
10. Оставете го минатото зад себе
Знаеме дека е тешко. Особено кога минатото го сакаме повеќе од сегашноста, а иднината малку не плаши. Но, императив е да го прифатите фактот дека ова е сè што имате.