Категории

РЕЦЕПТ: Каша од хељда за здрав почеток на денот

Оваа житарица има чудесна моќ.

Хељдата во Русија е доста популарна намирница. Оваа житарица содржи фолна киселина, железо, магнезиум, добра е и за борба против вируси, ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем, спречува анемија, тромбоза.. Таа е антиоксиданс и имуностимулатор. Од организмот ги исфрла токсините. Кашата од хељда е наша мајка – велат Русите.

Рецепт за каша од хељда

СОСТОЈКИ:
Според рускиот онколог др. Ласкин, се готви на следниот начин.

  • 500 гр. хељда, сирова или печена (сировата е поздрава, печената има подобар вкус)
  • 150 мл. вода (секогаш три пати повеќе вода од количина хељда)

прстофат сол

ПОДГОТОВКА:
Хељдата прелијте ја со 150мл. вода и оставете ја да одстои, минимум половина час, максимум 12 часа. Потоа процедете ја, и добро измијте ја. Вратете ја во лонецот и налијте 100 мл. вода, додадете сол, гответе се додека не зоврие па намалете го огнот и гответе уште неколку минути, без мешање, додека водата не зоврие.
Можете да додадете и зачини по желба.
Пријатно!

Прегледи:
1877
Објавено на:
30.11.2020