Категории

Глетка која ги топи срцата – Луѓе ги прегрнуваат своите најблиски заразени од коронавирусот преку пластична завеса

Еден дом во Италија смисли начин како пациентите можат да ги прегрнат своите најблиски во текот на пандемијата.

Времињата се тешки а пандемијата го затвори целиот свет. Додека вирусот повторно зема залет, луѓето помеѓу останатото се плашат дека нема повторно да ги видат своите најблиски.

Постарите жители спаѓаат во ризична група а поедини кои живеат во домови за нега на стари лица, со месеци биле одвоени од своите деца и внуци.
Постојано се зборува за тоа колку прегратката е лековите како и присуството на најмилите. Затоа еден дом во Италија се досети и направи посебни пластични навлакни низ кои можете да ги допрете и прегрнете своите најблиски.

„Собата на прегратките“ е направена за корисниците на домот Domenico Sartor во Венеција со цел корисниците да ги прегрнат своите најблиски без страв дека ќе се заразат со коронавирус.
Во прашање е специјална противзаразна завеса направена од мека, прозирна пластика која овозможува прегратки помеѓу изолираните и нивните семејства.
Како што велат, физичкиот контакт со членовите од семејствата е од пресудно значење затоа што го подобрува психичкото и емоционално здравје на луѓето.

Прегледи:
503
Објавено на:
30.11.2020