Категории

Кинеска подморница допре до најдлабокото место на Земјата

(ВИДЕО) Кинеската подморница „Фендуши“ успеа да допре до едно од најдлабоките места на планетата, нурнувајќи до вртоглавите мрачни длабочини од 10,909 метри, пренесува државната кинеска новинарска агенција.

Во текот на повеќемесечната експедиција која започна на 10 октомври, Фендуши заплови 13 пати во ровот Маријана – најдлабокиот дел на светските океани воедно и најдлабокото место на Земјата кое се наоаѓа на запад на северот на Тихиот океан, источноо и јужно од Маријанските острови близу Гвама.

Во текот на ова патување, кинеската подморница успеа да се спушти на длабочина од 10,000 метри а до рекордната длабочина Фендуши со екипажот успеа да допре на 10 ноември – стигнувајќи до длабочина која е поголема од висината на Монт Еверест, како што пренесува China Daily.

Светскиот рекорд во длабочина и понатаму го држи Виктор Весково, америчкиот деловен човек и поморски офицер кој во својата подморница “Limiting Factor”спрема Гинисовата книга на рекоди, нурна во длабочина од 10,934 метри на 26 јуни.

Максималната длабочина која „Фендуши“ ја достигна, ја надмина длабочината која ја стигна режисерот на филмот Титаник, Џејмс Камерон во 2012 година од 10,908 метри, но не успеа да допре до 10,912 метри како швајцарско-италијанско-америчката подморница “Trst” на 23 јануари 1960 година.