Категории

Направете колач со откачена состојка и заработете 5,000 долари

Компанијата за правење кујни објави дека бара добар стручњак за колачи кој ќе направи колач но со „откачена“ состојка. За единствениот рецепт ќе биде награден со сума од 5,000 долари.

Reinolds Kitchen од кандидатите бара да напишат 5 рецепти кои ќе бидат претставени во рок од 21 ден. Понуди примаат до крајот на декември кога треба да им се достави рецепт кој вклучува „неочекувана или откачена состојка“.

На адресата [email protected] треба да се испрати рецепт, фотографија од настанатите колачи и опис од 250 зборови. Поднесителите исто така треба да го наведат своето име, година и адреса.

„Празниците оваа година ќе бидат исполнети со одредена несигурност, но печењето колачи секогаш донесува радост“ – вели Лиза Смит, виша потпретседателкана маркетингот за Рејнолдс брендовите.

„Барами онакви кои сакаат забава и кои ќе ни помогнат оваа предизвикувачка година да ја завршиме со слатка нота и креативно одбројување на колачи“.

Првиот рецепт е веќе објавен и е направен од пуканки.

 

 

Today is day 1 of the Reynolds Kitchens Cookie Countdown and we’re going to be serving you fun, delicious recipes for 21…

Posted by Reynolds Brands on Tuesday, 1 December 2020

Прегледи:
663
Објавено на:
09.12.2020