За овој десерт постојат повеќе називи – козачки капи, руски капи, шубари.. И навистина тие се својот изглед потсетуваат на вистински крзени капи – руски шубари што на многумина им е доста допадливо и се јавува спонтана желба да ги пробаат.
Освен што наизглед се доста привлечни, уште по првиот залак нема да можете да им одолеете. Еве како да ги подготвите:
СОСТОЈКИ:
За бисквит
- 6 јајца
- 8 лажици шеќер
- 3 лажици какао
- 1 прашак за пециво
- 4 лажици водаЗа фил
- 500 мл. млеко
- 2 лажици меко брашно Т400
- 3 лажици густин
- 6 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 140 гр. бела чоколада
- 220 гр. путер
- 100 гр. црна чоколада
- 30 гр. путер
- 50 гр. кокосово брашно
ПОДГОТОВКА
1.Направете фил. Во сад сипајте еден ден од млекото. Во одвоен сад измешајте брашно, густин, шеќер и ванилин шеќер. Додадете го преостанатото млеко и добро измешајте да се разбијат сите грутки. Млекото во садот загрејте го до степен на вриње а потоа додадете разматено брашно со густин и гответе неколку минути константно мешајќи додека да се згусне. Отстранете од огнот и додадете бела чоколада и измешајте да се соедини. Префрлете во друг сад, покријте со провидна фолија и изладете на собна температура.
2.Додека филот се лади, подгответе ја кората. Одвојте ги белките од жолчките па белките изматете ги со шеќер во цврста пена. Додадете ги жолчките и разматете додека да се соединат. Додадете брашно, какао прав и прашок за пециво и вода, па потоа соединете со миксер. Префрлете во плех обложен со хартија за печење. Распоредете го тестото во рамномерен слој и тропнете со плехот од површина за да излезат меурчиња. Печете 20 минути на загреана рерна.
3.Изладената кора исечете ја со округли калапчиња или чаша на што повеќе кругови, најдобро е пречникот да биде 6-8 цм. Секој круг бисквит попречно исечете го со нож.
4.Изладениот фил изматете го со миксер и постепено додавајте путер матејќи цело време. Изладете го во фрижидер да се стегне толку за со него да може лесно да се управува. Префрлете го филот во кеса и филувајте ги бисквитите. Ставете ги во фрижидер да се стегнат за полесно да можете да ги намачкате ивиците. Кога ќе се стегнат, намачкајте ги капчињата од страните и извалкајте ги во кокос.
5.Чоколадата растопете ја со путер и на секоја капа ставете лажица чоколадо и распоредете по ивиците. Изладете и служете.
Пријатно!