Категории

Сушени портокали се хит декорација која е воедно еколошка, миризлива и поволна

Сушените портокали се вистински хит кога се во прашање домашно направените декорации.

Бидејќи оваа година голем дел од нас ќе ја прославиме новата година во своите домови, веќе почнавме со украсување и создавање на пријатна празнична атмосфера. Ви споделуваме еден хит начин како да направите домашни декорации и тоа комплетно природни.

Еве како да ги направите сушените портокали во вашиот дом:

1.Купете зрели портокали со правилен облик и големина.
2.Исецкајте го секој портокал на кругови со дебелина околу 7 милиметри (тоа е идеалната дебелина е доста важно да се запази)/
3.Упијте го сокот така што ќе поставите кругови на хартија која упива без притискање.
4.Ставете ги круговите директно на решетка во рерна на околу 50 степени на mode со кружење воздух.
5.Обавезно вртете ги круговите два до три пати во текот на печењето.
6.После околу два чаша сушење во рерна извадете ги и ставете ги на послужавник, нека се сушат два до три дена на воздух.
7.Креирајте украси така што низ круговите на портокалите ќе провлечете конец. Можете да додадете шишарки, ѕвончиња, ролнички цимет, и други кругови портокал.

Вашиот дом ќе мириса божествено.

 

Прегледи:
943
Објавено на:
11.12.2020