Категории

Ситуации во кои треба да ставите крај на љубовната врска

За љубовта вреди да се борите но само во оние стуации кога љубовта има перспектива и иднина. ова се ситуации во кои треба да ставите крај на врската.

Проблемот е што многумина мислат дека за љубовта треба да се борат дури и кога се наоѓаат во лоша врска, каде партнерите се омаловажуваат или навредуваат едни со другит. Борбата за таков вид врска е борба со ветер. Брачниот терапевт др. Гери Браун смета дека за врската треба да се борите само во одредени ситауции.

Борбата за врската значи дека нема да се откаежете само затоа што нештата помеѓу вас не се секогаш фантастични. Тоа значи да се биде со некого во добро и во зло. Да разјасниме – тоа не значи дека треба да останете со некој кој ве понижува. И тоа не значи дека треба да се борите за некој кој спрема вас е лош.

Ако чувствувате ека нема почит спрема вас или на некој начин ве омаловажува, имате право да излезете од таквата врска. Не треба да се борите за токсична врска, нити за таква во која постојано се рапсравате, вели др. Браун. Најдобриот начин да сфатите дали вашата врска е вредна за борба е да ја согледате поголемата слика.

Ако сте се сретнале со проблеми, тоа не значи дека е време за раскинување. Ако сте создале цврсти темели кои се базираат на доверба и взаемно почитување, тогаш имате стабилна врска каква и двата сакате. Др. Браун вели дека во врска секогаш морате да го земете во обзир и факторот – сличност во размислувањето.

Врската е вредна за да се борите за неа ако сте компатибилни барем во 80% од нештата кои и на двата ви се важни – вклучувајќи ги заедничките вредности и погледот на животот. Двата партнери мораат да учествуваат во промените и компромисите.

Прегледи:
822
Објавено на:
11.12.2020