Навалата е преголема па многу кукли чекаат да „пристигнат“ на ред за преглед.
Во стариот дел на Лисабон уште од 1830 година се наоѓа болница за кукли. Овде им се менува косата, рацете, нозете, очите – сето она кое им е оштетено во текот на играта. Покрај тоа што се поправаат кукли, оваа клиника е интересно туристичко место за посетителите.
На опоравување тука пристигнуваат кукли од сите делови на светот а друштво им прави и оддел со плишани играчки. Најстарото мече е од 1914 година. Бидејќи некои сопственици никогаш не се враќаат по своите кукли, направен е посебен дел и за нив. Некои кукли се стари и по 100 и повеќе години.
Сопственичката на оваа клиника е учителка во пензија, Мануела Кутилјеро, кога вели дека на сите им е потребна љубов па и на куклите за кои сериозно се грижи тим од три лекари кои стручно ги бираат и ги заменуваат деловите од телото. Секоја кукла во оваа болница има и свој болнички картон. Куклите се означени со датум на прием и нивната „болест“, а одмараат во кабини или „кревети“ додека чекаат на лечење.
Во просториите се поредени околу 4,000 кукли кои чекаат свој ред. Тоа се кукли од метал, дрво, пластика, порцелан и други материјали.
Бидејќи ова е доста побарувана болница, постои и листа на чекање. Некои кукли на болничко лечење чекаат дури и по четири месеци.
Клиентите се воглавно колекционери а најчесто тоа се личности кои се сентиментално врзани за овие предмети.