Категории

„Ав, такси!“ – Сите сакаат да се возат кај кучето кое работи како таксист

Сигурни сме дека Кладио де Оливеира никогаш нема да го заборави денот кога седна во едно такси возило. А тој ден промени многу нешта и во животот на возачот и во животот на неговиот совозач.

Кога тој влегол во возилото, таму го дочекал необичен четвороножен „копилот“ по име Принцеза.

Овој необичен такси пар живее и работи во Парагвај и како што пренесува Клаудио, заедно работат веќе три години ноќна смена. Принцеза е исклучително дружељубиво куче во кафеава боја, кога е навикната на возење со кола и без проблеми се вози со муштериите на задното седиште. Нејзиниот сопственик толку ја сака што не сака да се разделува од неа додека е на работа.

Но кога Клаудио на својот Фејсбук профил ја сподели приказната за својот соработник, го промени и животот на Принцеза. Тие станаа толку популарни што овој возач сега има долга листа на чекање. Многу муштерии сакаат да уживаат во возењето и во друштвото на Принцеза.

Прегледи:
624
Објавено на:
15.12.2020