(ВИДЕО)Многу девојки имаат проблем со тоа да пронајдат љубов. Или пак соодветен дечко за врска во која би можела да се роди љубов. Но, ако сте доволно упорни не е невозможно.
На една девојка од Австралија и здосадило да бара сродна душа преку Тиндер, па се одлучила за малку поинаква метода. Таа на хартија напиша дека бара партнер, потенцијално и сопруг, а на дното ги напишала и бројот на својот телефон на ливчиња кои се откинуваат, слично како кога ќе погледнете некој оглас на дрво.
Машкиот дел од нејзините следачи на ТикТок ја посоветуваа да оди во некој хипермаркер и таму да побара маж, и таа го направи тоа.
Одеше неколку часови по продавницата во разни оддели и го бараше човекот на својот живот, вклучувајќи го и одделот за водоинсталатери.
Во еден миг дури и ја замоли за помош и работничката, па ја запраша дали имаат мажи „на залиха“, а таа духовито и одговори дека се на полица. Претстрагата сепак заврши неуспешно, а девојката на крајот заклучи дека веројатно дошла во погрешно време.
Ова шеговито видео брзо стана вирален хит а девојката доби совет да се обиде во периодот помеѓу 9 и 17 часот.