Категории

Стаклена подморница од која може да се набљудува целиот подводен свет

Оваа прозирна подморница може да нурне до длабочина од 1000 метри.

Луксузниот туризам повеќе не е на копното, тој почна да се сели и под морето. Компанијата со седиште во Флорида ја испорача првата подморница која е комплетно прозирна во која може да се сместат шест личност и може да достигне длабочина до 1000 метри.

Подморницата Тритон 3300/6 како што е официјалниот назив на овој луксузен климатизиран „салон под морето“ е долга 2,5 метри и вреди дури 5,5 милиони долари.

Во подморницата може да престојуваат шест личност на кои таа ќе им овозможи импресивен поглед во кој ќе може да уживаат 10 часа.
Го содржи најголемиот прозирен сферичен патнички простор на светот што на патниците им пружи воодушевувачки поглед на подводниот свет.

Компанијата Тритон работеше на овој проект две години во склопување на сите делвои. Нивната следна цел е да изградат подморница за три особи која може да достигне до 2000 метри длабочина како и возило кое може да стигне и до 4000 метри.

 

Прегледи:
553
Објавено на:
19.12.2020