Категории

НАПРАВИ САМ: Бидете креативни и направете божиќни декорации од картон за јајца

(ВИДЕО) Со малку труд, направете уникатни украси за вашиот дом.

Празниците се ближат а со нив и празничната еуфорија и радост. Сите се подготвуваат и го украсуваат домот со разни сијалички, ламбички, украси.
Во видеото кое ви го споделуваме подолу, можете да направите разни новогодишни украси со помош на картон за јајца. Додатен материјал кој ви е потребен вклучува: кутија житарици, врел силикон, бел лепак, светки за украсување, акрилни бои и четки, ножици, самолеплива хартија, ѕвезда за елка.