Категории

Најдобрите животни лекции се учат на потешкиот начин

На што не научи оваа 2020 година?

2020 година е една од оние кои сите без исклучоци ја испраќаме со зборовите „само да се заврши“, посакувајќи да веруваме дека ќе следната 2021 ќе промени нешто.

Годината која изминува е прогласена за најлоша година според магазинот Time, но сепак постојат и добри нешта кои ни ги донесе.

Трпение спасение
Се потешко е да се биде трпелив и се повеќе веруваме дека е крајно време да се случи она кое го сакаме и ако може веднаш. Оваа година ни покажа дека трпението е неопходно и дека ќе помине онолку време колку што е потребно за нешто да се промени, без оглед на тоа дали сте трпеливи или не.

Добивме прилика да поминуваме повеќе време во домот
2020 ни овозможи повеќе време да поминуваме со онеи кои најмногу ги сакаме, додатно да им се посветиме, да се зближиме и поврзиме.

Научивме и да го цениме она кое го имаме
Се почесто можеме да слушнеме како луѓето велат „не сме ни знаеле колку всушност сме биле среќни минатата година во ова време“. И да, навистина, самата можност да гледаме лица без маски сега ни делува како голема среќа. И тука се патувањата, кафето после работа, излегувањата – едноставниот живот.

Научивме дека се може да се промени за миг
И ова е доста важна и значајна лекција. Како човечки род, склони сме на комфорт и не мислиме дека често околностите можат и да се променат без да се подготвиме за нив. Оваа година многумина ги научи да мислат за иднината и непредвидливите ситуации.

Не научи на благодарност
Во миговите кога не можевме да ги видиме оние кои најмногу ги сакаме, кога сме се грижеле за нив и сопственото здравје, бевме вистински среќници затоа што ни беше достапна дигиталната технологија и видео повиците. Сето она кое до сега сме го земале здраво за готово.

Прегледи:
678
Објавено на:
23.12.2020