Категории

Стара англиска капела со гробишта на продажба стана вистинска сензација

Оваа стара капела во Девон, Англија е претворена во стан и е дадена на продажба а изгледа како создадена за семејството Адамс.

Капела со сопствени гробишта е претворена во двособен стан и може да се купи за 500,000 фунти, пишува во огласот за недвижности. И тука нема ништо невообичаено освен тоа што оваа куќа всушност е гробишта.

Капелата е изградена во 1835 година и најубавиот дел во традиционалната грофовија Девон во југозападниот дел на Англија и овие денови е доста популарна и побарувана ширум светот.

Целта за која е изградена служела до 2006 година откако била преуредена во дом со тераса од кој можете да уживате во идиличниот поглед на селото. Ентериерот го сочинува отмена кујна и бања.

Старата црквичка и денес чува дел од својата историја, со цврсти подови и бајковите прозорски витражи. Но пред се и она кое ја опкружува.
Просторо за прием односно дневниот салон го краси влез во куќата со впечатливи спирални скали кои водат на првиот спрат односно на спалната.

Портпаролот на локалната агенција за недвижности вели дека куќата која била некогашна капела е вистинска сензација.

„Ова е вистински уникатна недвижност. Одлично е да се види колку оригинални карактеристики се вградени во обновата на старата капела. За вистинската личност ова ќе биде прекрасен дом.“

Прегледи:
699
Објавено на:
23.12.2020