Категории

„Вашите раце ја раскажуваат приказната на вашиот живот“ – Стара бабичка усрамена од своите раце доби утеха и маникир

Брендолин Меј Портер, маникирстка од Тексас имала постара госпоѓа како свој клиент. Кога таа и побарала да и направи маникир со прозирен лак, Брендолин и предложила нешто поживописно, но бабата одговорила дека нејзините раце се стари и грди па затоа не и прилега, но она што и го кажала Брендолин потоа ги разнежни сите и бабичката која потоа си доби розов маникир.

 

„Во салонот за убавина каде што работам, со претходно закажан третман, дојде една многу симпатична возрасна жена која не ја познавав до тогаш, за разлика од другите кои ја познаваа многу добро.
Откако и направија фризура, таа седна пред мене и ме замоли да и ги излакирам ноктите со безбоен лак. Си земав за право да ја прашам зошто одбра безбоен лак, таа ми одговори со срамежлива насмевка;
-Рацете ми се грозни ,на мојата кожа остарена не би и прилегало некоја друга боја ,би привлекло внимание и многу озборување.
-Се насмеав со тежина на душата и реков;
-Рацете ви се многу убави госпоѓо. Раскажуваат за еден долг живот,љубовта, радоста и солзите. Овие раце допирале многу ,прегрнувале луѓе,кои сте ги сакале низ животот и луѓе за кои сте се грижеле. Тие раскажуваат за историјата на еден изминат живот. Таа сеуште срамежливо се смееше, уште малку молчеше со поглед исполнет со сјај од солзи реши заедно да избереме друга боја на лакот,розова.
Понекогаш кога се срамиме и со несигурност гледаме во нешто наше ,вистинско освежување и будење е ако другите забележат убавина.“

Прегледи:
725
Објавено на:
25.12.2020