(ВИДЕО) Убав поздрав кога новата година ќе ви почука на вратата.
Многумина овие денови ги обзема празнична еуфорија, а со самото тоа и желбата да се уреди домот. Бидејќи на голем дел од нас домот ќе биде местото во кое ќе ја дочекаме новата 2021 година, сега повеќе од било кога порано е убаво да внесеме среќа и празничен дух преку декорации, украси, светки и лампиони.
Што ви е потребно за да го направите овој венец:
- закачалка од жица
- стари лампиони
- густ повеќенаменски лепак
Начин на изработка:
Земете обична закачалка за алишта и свиткајте ја во круг како што е прикажано на сликата. Овие офингери обично можат да се купат во специјализирани продавници.
Нанесете малку лепило под секој лампион за да спречите да се одвојат меѓусебно после ставувањето на жица.
Со клешти отворете го врвот на закачалката и нижете ги топките на жицата. Нижете ги топки се додека не пристигнете до крајот на жицата.
Ако сакате можете да го украсите венецот со вештачка елка, или други предмети.