Бобан Илиоски извојува победа во професионалниот меч против Милош Бајовиќ во Нови Сад, Србија. Тој уште во првата рунда покажа дека е спремен и победи во борбата до 81кг.
Тренерот на Бобан, Дејан Митровски-Урко нагласи дека е задоволен од борбата на Бобан.
„Боби спремен влезе во рингот смирен како никогаш до сега и со една цел, да победи со прекин. Тоа и се случи, уште во првата рунда со три броења на противникот. По откажувањето на повеќе договорени борби на кои требаше да настапи тој, оваа борба добро му дојде. Кондиционо е многу поподготвен од порано и продолжува со тренинзите. Ги пикиравме светските и европските првенства под ВАКО и ИФМА следната година“
Борбата помеѓу Илиоски и Бајовиќ можете да ја погледнете ТУКА