Категории

Човек стана милионер на Божиќ – Освои џекпот во казино

Американец на Божиќ се затекна во едно казино во Лас Вегас каде освои џекпот од 15,491,103 долари.

Оваа вест на Твитер ја потврди казиното Санкоуст кое упати честити до добитникот Кевин кој во слот апаратот ставил 40 долари.
Ова е најголемиот џекпот во државата Невада во претходните осум години спрема Бојд гејминг компанијата, сопственик на Санкоуст Казиното.

„Беше вечер за паметење. Возбудени сме и почестени што сме дел од овој историски џекпот во Санкоуст“, рече портпаролот на Бојд гејминг за Фокус њуз.

Кевин чиј идентитет е заштитен поради безбедносни причини, рече дека поминува време на релација Лас Вегас – Алјаска.

„Добивката ќе ја искористам за развивање на приватен бизнис“ – рече Кевин.

Прегледи:
613
Објавено на:
31.12.2020