Категории

ДарувајКрв – мобилна апликцаија за сите крводарители

Дарувај Крв“ е новата мобилна апликација наменета за сите оние што даруваат или сакаат да даруваат крв.

Зад неа стои активистот и програмер Горјан Јовановски, заедно со Александар Богданоски и Стефан Велковски, како и здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството „Крводарител“ – Скопје.

Во неа, секоја недела ќе се објавуваат крводарителски акции што се организираат низ Македонија од разни здруженија, за да може полесно да се биде во тек каде и кога може да се спаси живот.

Во моментов апликацијата е достапна само за Андроид уредите, но наскоро е најавено дека ќе проработи и на iOS. 

Она што е во најава во новата верзија која треба да биде пуштена наскоро се нотификациите кои ќе го известуваат секој корисник на оваа апликација кога во неговиот град ќе има акција или побарување на одредена крвна група. 

„Она што недостига кај нас е баш ваква апликација каде што ќе бидат прикажани сите ации и настани како од здруженија така и од институциите. Се надевам на соработка со сите оние кои може да придонесат за општо добро. Во иднина изнаоѓаме решение како да помогнеме се повеќе граѓани кои имаат можност да даруваат ковалесцентна плазма, да се информираат преку апликацијата за чекорите на дарување, и со тоа да помогнат на оние на кои навистина им е потребна во борбата против Кови 19.“ – вели Александар, дел од тимот.

„Да спасиме живот, да донираме крв! Преземи ја ДарувајКрв денес!“, велат од „Дарувај Крв“.

Прегледи:
803
Објавено на:
12.01.2021