Категории

„Сексуалните работници дистанцирани и социјално стигматизирани“ – Нов документарен филм на Види Вака

„Сексуалните работници дистанцирани и социјално стигматизирани“ , нов документарен филм на Види Вака.

Краткиот документарен филм „Сексуалните работници дистанцирани и социјално стигматизирани“ во продукција на Види Вака е петтиот од серијата од шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Филмот е посветен на предизвиците со кои се соочуваат сексуалните работници во време на пандемија од Ковид – 19.
Преку личната приказна на сексуалната работничка, Моника Тасевска, серијалот ги претставува системските проблеми кои произлегуваат во време на пандемија од Ковид – 19, како и барањето за декриминализација на сексуалната работа во земјава. Краткиот документарен филм го опфаќа животот на сексуалната работничка која се навраќа на случувањата и стигмата која ја доживува во текот на нејзиниот живот и работа. Дополнително, посебен акцент е ставено на исклученоста од системот на бенефиции од државата во време на пандемија од Ковид – 19. Автор на краткиот документарен филм „Сексуалните работници дистанцирани и социјално стигматизирани“ е новинарот Сунаи Сабриоски, а директор на фотографијата е Крсте Шупев. Продуценти на документарниот филм се Мите Кузевски и Горан Игиќ.

Тимот на Види Вака ќе продолжи и во иднина да ги покрива темите кои ги засегаат ранливите и маргинализираните групи и да поттикнува унапредување на човековите права преку медиумски содржини.