Категории

Откриен најмалиот гуштер на светот – Може да застане на врвот на прстот

Во Мадагаскар е пронајден рептил, за кој научниците веруваат дека е најмал во светот, а станува збор за подвид на камелеон чие тело е долго само 13,5 милиметри.

Истражувачите откриле кој може да биде најмалиот рептил во светот. Овој вид микро камелеон Brookesia nana е пронајден во северниот дел на Мадагаскар и е долг само 22 мм од муцката до врвот на опашката.  Два мали влекачи од видот Brookesia nana, чии членови се познати и како нано-камелеони, биле откриени од членовите на тимот на германско-мадагаскарската експедиција, пишува Би-Би-Си.

Мажјакот има тело долго само 13,5 милиметри, што го прави најмал меѓу околу 11.500 познати видови влекачи. Неговата должина од главата до крајот на опашката е 22 милиметри.

 

Женката е малку поголема, околу 29 милиметри, а научниците наведуваат дека други примероци сè уште не се пронајдени. Камелеонот е пронајден само во занемарените дождовни шуми на северот на Мадагаскар и може да му се закани истребување, предупредуваат научниците. Оливер Хавличек од Центарот за природна историја во Хамбург, сепак, тврди дека областа неодамна била ставена под заштита и дека видовите ќе успеат да преживеат. Истражувачите откриле дека камелеоните се хранат со грини од земјата и се кријат во тревата ноќе од предаторите. Тие предложија камелеонот да се стави на список на критично загрозени видови за да помогне во зачувувањето на неговото природно живеалиште.

Прегледи:
872
Објавено на:
08.02.2021