Категории

Митови за за човечкото тело во кои многумина веруваат но не се вистина

За некои од следниве „факти“ за човечкото тело веројатно сте слушнале од членови на семејството, пријатели или случајни луѓе преку Интернет. Ова се 7 најчести заблуди за човечкото тело.

Можеби верувавте во некои од нив, а можеби и во сите. Сепак, ова се најчестите заблуди, кои поради некоја причина се раширија меѓу населението. Продолжете да читате ако ве интересираат кои седум митови за човечкото тело најчесто се продаваат како вистински.

# 1: Не е безбедно да се разбуди лице кое месечари
Вистината е обратна. Не е безбедно да им се дозволи да продолжат понатаму, бидејќи на тој начин ризикуваат да паднат и да се самоповредат. Тие сигурно ќе бидат дезориентирани кога ќе ги разбудите, но вие ќе бидете тука за да им објасните што се случило.

# 2: Не треба да јадете пред да одите на пливање
Консумирањето храна пред пливање не го зголемува ризикот од давење. Апстиненцијата од алкохол непосредно пред извршувањето на оваа активност, од друга страна, се препорачува.

# 3: Крвта во нашите вени е сина
Само така изгледа на нас поради начинот на кој кожата ја рефлектира светлината. Крвта во вените е црвена, исто како и на сите други места во нашето тело.

# 4: Постојат рецептори за различни вкусови во различни делови на јазикот
Некои делови од јазикот може да бидат почувствителни на некои вкусови, но нема посебни делови на јазикот за слатки, солени, кисели или горчливи вкусови.

# 5: Гледањето телевизија одблизу го нарушува видот
Луѓето кои веќе имаат слаб вид се приближуваат кон телевизорот поради тој факт. Нивната миопија е претежно генетска и гледањето телевизија од мало растојание нема да ја влоши.

# 6: Ако често се бричите, вашата коса ќе расте побрзо и ќе биде погуста
Само така изгледа следниот ден по бричењето затоа што со тоа сте ги отстраниле врвовите на косата, кои се потесни. Кога косата ќе порасне, ќе видите дека брадата и мустаќите се исти како порано.

# 7: Косата и ноктите продолжуваат да растат и по смртта
Всушност, се случува кожата да се исуши и да се намали, што создава илузија дека ноктите и косата се подолги отколку пред смртта.

Прегледи:
699
Објавено на:
11.02.2021