Категории

Само за најхрабрите – „Ѓаволски нос“ е најопасната железница на светот

(ВИДЕО) Нариз дел Диабло или „Ѓаволскиот нос“ е името на карактеристичната железничка делница што минува низ Андите во Еквадор. Жлезницата е изградена на тежок планински терен на надморска височина од 800 метри.

Еквадорскиот железнички систем е навистина чудесен. Во оваа јужноамериканска земја, пругата го поврза главниот град Кито со Гвајанагил пред повеќе од еден век и беше изградена со примитивна технологија. Тоа е многу зачудувачки потфат затоа што железничката пруга поминува низ многу тежок терен, односно низ ридски клисури, бесни реки и густа шумска вегетација. Најимпресивниот дел е наречен Нариз дел Диабло или Ѓаволски нос, кој вклучува карактеристична железничка делница што минува низ карпестите падини на Андите помеѓу станиците Алауси и Сибамбе, а на моменти се искачува на 800 метри надморска височина. Го доби своето име затоа што повеќе од две илјади луѓе ги загубија животите при изградбата на овој опасен терен поради последиците од честите сеизмички активности, жолтата треска, нападите на дивите животни и другите несреќи.

Патем, оваа опасна делница ја градеа затвореници осудени на доживотен затвор – претежно Јамајчани и Порториканци на кои им беше ветено помилување по успешното завршување на работите. Ѓаволскиот нос отсекогаш бил најпопуларниот дел од целиот еквадорски железнички систем. Во 90-тите години на минатиот век, кога голем дел од инфраструктурата започна да се влошува и затвора, само Нариз дел Диабло остана во функција. Ова се должи на туристите, кои дојдоа во Еквадор од целиот свет за да се возат, па затоа локалните власти секогаш вложувале пари во реновирање и реставрација. До неодамна беше дозволено дури и возење на покрив на пруга, но по несреќната смрт на едно лице, оваа практика беше забранета. И покрај застрашувачката позиција на планината, возењето по оваа железница е нормална појава кај локалното население.

Погледнете на видеото како изгледа возењето со воз на Devil’s Nose во Еквадор.

Прегледи:
626
Објавено на:
15.02.2021