НАША ДОЛЖНОСТ Е ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ КВАЛИТЕТИТЕ НА СЕКОЈ УЧЕНИК! Преку Проектот „ОБРАЗОВАНИЕТО Е ПОВЕЌЕ ОД ПРОСЕК 5.0“, стипендии за средношколци со помал просек.
Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), повторно ги поддржуваат средношколците од цела Македонија кои изминатата 2020 година ја завршиле со просек под 3.9.
„Образованието е повеќе од просек 5.0 е проект започнат во 2016 година, којшто има за цел да укаже дека во образовниот процес треба подеднакво да се вреднуваат сите ученици, затоа што секоја индивидуа поседува свои квалитети и вештини, а должноста на
образованието е тие да бидат препознаени и правилно насочени“– изјавија од школата.
Преку овој проект, ќе бидат доделени 5 целосни стипендии за новата сезона на обуки на оние кои се талентирани и имаат желба и мотивација своето образование да го продолжат во насока на дизајн и уметност.
Секој средношколец со просек под 3.9, ќе може да аплицира за целосна стипендија најдоцна до 02.03.2021, приложувајќи свидетелство од последната година и мотивациско писмо на следниов линк.