Категории

#SkopjeCityMall подарува мартинки за “Среќна Баба Марта”

По повод “Среќна Баба Марта” и почетокот на месец март, Скопје Сити Мол, како и секоја година така и оваа го прославува доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки.

Овaa еднодневна активност секогаш буди интерес кај посетителите, каде овој пат над 1000 мартинки беа разделени за помалку од 3 часа од страна на трговскиот центар и од дневниот центар “Доза среќа”.

Изработката и подарувањето мартинки на најблиските е традиција која во Република Северна Македонија се почитува со стотици години. Обичајот за плетење и подарување мартинки е поврзан токму за денешниот ден, први март и е карактеристичен за повеќе балкански држави. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката. Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта,
а белата на чистотата.

Постои верување дека истите ги штитат оние што ги носат. Мартинките се подаруваат на блиски луѓе и се носат сѐ додека не расцвета првото дрво или додека оној што ги носи не го види првиот штрк или ластовичка. Потоа мартинката се става под бел камен или се закачува на некое дрво пропратена со желба за радост, среќа или љубов. Скопје Сити Мол секоја година ги промовира мартинките како нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција.

#SkopjeCityMall Ви подарува мартинки за среќа, љубов и здравје.
Среќна Баба Марта 2021

Прегледи:
617
Категории:
Настани · Скопје
Објавено на:
02.03.2021