Категории

Здрав напиток кој го чисти црниот дроб и ги разградува маснотиите

Постои едно моќно овошје кое прави многу корисни работи за нашето тело. Ако досега не сте го конзумирале, вклучете го во вашата исхрана што е можно побрзо и ќе забележите бројни подобрувања.

Многумина можеби не знаат дека грејпфрутот е многу моќен сојузник во чистење на црниот дроб, а тој делува со разградување на мастите и зголемување на чувствителноста на инсулин, според истражувањето спроведено во САД. Тоа е затоа што содржи една супстанција, наргинин, антиоксиданс кој го стимулира распаѓањето на масните киселини и помага во намалувањето на маснотиите и шеќерот во крвта. Досега, бројни студии потврдија дека ова агрумово овошје помага во намалување на холестеролот и ги ублажува симптомите на дијабетес, а сега е објавен рецепт за пијалок што може да помогне во чистење на црниот дроб.

СОСТОЈКИ:

  • 1 грејпфрут
  • 1 портокал
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1/4 лажиче цимет

ПОДГОТОВКА:

Прво исцедете го овошјето, потоа додадете оцет и цимет, а потоа измешајте сè добро и пијалокот е подготвен. Најдобро е да го пиете наутро, пред појадок на празен стомак.

Забелешка: грејпфрутот може да влијае на некои лекови, па во тој случај, проверете дали пиете некои ако се меѓу оние што не се комбинираат со ова овошје.

Пријатен апетит!

Прегледи:
863
Објавено на:
16.03.2021