Пржени банани можете да јадете самостојно, но добро одат и со лажичка сладолед или грчки јогурт, со палачинки и вафли. Може да ги послужите и на палачинки или на тост. Тие се карамелизирани однадвор и меки и слатки одвнатре.
Користете зрели банани, но не и премногу зрели. Бананите омекнуваат со пржењето, па зрелите банани ќе станат претерано кашести. Времето на подготовка е десет минути, а оваа количина е доволна за две до четири порции.
СОСТОЈКИ:
- 2 банани исечени по желба
- 1/2 лажиче цимет
- 1 лажица путер
- 2 лажици мед
- 50 ореви
- 50 гр бадеми
ПОДГОТОВКА:
1. Во тава на средна топлина измешајте цимет, путер и мед додека не се стопат и соединат.
2. Додадете парчиња банана и пржете ги четири минути додека не почнат да се карамелизираат и да добијат златно-кафеава боја. Доколку е потребно, прилагодете ја температурата и времето за готвење така што бананите не изгорат.
3. Превртете ги сите парчиња банана и пржете ги уште четири минути додека не зарумени другата страна.
4. Ставете ги веднаш на чинијата, посипете ги со лисја од орев и бадем, а може и со лажичка сладолед, јогурт, палачинки, вафли или тост.
Пријатен апетит!