Категории

Најмладиот и најслаткиот готвач на светот – Има само 1 година е вистински мајстор во кујна

Малиот Коби стана вистинска ѕвезда!

Со профилот на малиот Коби управуваат неговите родители, а мама Ешли Виен и тато Кајл Виен се застапени и на Инстаграм, но тие не можат да му парираат на малото момче по популарност – неговата мајка има 42.000 следбеници, а неговиот татко нешто повеќе од 5.200.  Скокот се случи за само еден месец кога најслаткиот готвач во светот имаше нешто повеќе од 100.000 следбеници. Како што се очекуваше, скокна и бројот на прегледи на снимките од неговото готвење, кои сега ги гледаат стотици луѓе.

Бебето Коби готви сè, а исто така е и мајстор за меѓународна кујна. Подготвува јадења, секако, во согласност со неговата возраст, а серијата на неговите видео рецепти изгледаат како најдобрата сликовница што може да се нарече „Малиот готвач Коби“.
И додека многумина се прашуваат дали е во ред јавно да се промовира дете и колку родителите се грижат за исхраната на нивниот син, популарноста на Коби расте на Јутјуб, каде има повеќе од 12 илјади регистрирани корисници. До десетици луѓе ги гледаат неговите снимки на овој канал.

Една од најпопуларните снимки е онаа во која Коби подготвува пица. Родителите веќе започнаа соработка со бројни брендови, а исто така отворија и страница каде што можете да купите разни предмети со име и слика на момчето – од налепници што чинат нешто повеќе од четири долари и маици кои достигнуваат цена од 42 долари . Се надеваме дека Ешли и Кајл размислуваат пред се за потребите на своето дете, и за тоа што е најдобро за него, и дека светот доби нова кулинарска starвезда, нема сомневање во тоа..

Прегледи:
670
Објавено на:
22.03.2021