Категории

Кога се прашувате дали вредело тоа што сте сакале некого

Кога се прашувате дали вреди да сакате некого – запрашајте се ова. Ако можеш да се вратиш назад во времето, дали би го сториле тоа одново? Дали би ја одбрале таа личност, дали би ја избрале таа надеж, знаејќи дека и вие воедно ќе изберете и болка?
Знаејќи дека во еден момент од времето, ќе треба да ја преживеете загубата на нив, недостигањето што ги нема повеќе? Дали сепак би ризикувале за нив? Дали сепак би ги сакале? Дали сепак би останале будни до 4 часот наутро со нив ноќта кога сте се сретнете? Дали сепа ќе отидете кај нив? Дали сепак ќе простите и ќе верувате; дали сè уште би ги направиле спомените, дали сè уште ќе им дадете дом во срцето?

Видете, ако одговорот е не, тогаш можеби она што го имавте не беше љубов, можеби тоа беше лекција. Можеби може да се најде крај во тоа. Но, ако вашиот одговор е да, тогаш не се сомневајте дали вредело. Не правете го тоа помалку убаво во вашиот ум, не го претворајте го во нешто што ќе изберете да го заборавите. Не, ако би го сториле сето тоа повторно, ако сепак би одбрале само уште неколку часа, само уште неколку дена, само уште неколку години, и покрај неизбежната загуба, тогаш сте имале нешто што повеќето луѓе никогаш не го нашле во овој живот. Имавте нешто за кое што вредело да се борите. Никогаш не го заборавајте тоа.

Прегледи:
676
Објавено на:
23.03.2021