За појадок, како попладневна закуска или вечера за целото семејство, можете да ги послужите овие едноставни погачици полнети со свежо сирење и сланина. Во случај да немате време да го замесите тестото, секогаш можете да користите замрзнато лиснато тесто. Може да ставите што сакате во овие полжави и да ги имате во фрижидер.
СОСТОЈКИ:
- 500 гр мазно брашно
- 250 мл топло млеко
- 7 гр сув квасец
- 2 лажички сол
- 1 лажица сончогледово масло
- 3 лажици маслиново масло
- 2 жолчки
- 200 гр свежо сирење
- 100 гр сланина
- нотка ким и сусам
ПОДГОТОВКА:
1. Посипајте го брашното во длабок сад. Додадете сол, масло, квасец и топло млеко, и сè мешајте ситно. Доколку е потребно, месете го тестото со рацете.
2. Тестото развлечете го на подлога што претходно сте ја попрскале со брашно.
3. Исечете ја сланината на мали коцки, па пржете ја во тава.
4. Тестото премачкајте го со свежо сирење, посипете го со парчиња сланина и превртете го во цврст ролат, а потоа исечете го на парчиња дебели три сантиметри.
5. Наредете ги вртените лиснтатици еден до друг во тава премачкана со растително масло, па премачкајте ги со жолчка од јајце, посипете ги со ким и семе од сусам и оставете ги да стасаат 20-30 минути.
6. Откако ќе нараснат, ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете ги околу 35 минути, додека не добијат убава златна боја.
Добар апетит!