Познатиот белградски композитор и клавијатурист со воведната нумера “Connected Again” ја најавува својата авторска компилација.
Милан Петровиќ соработува со многубројни познати артисти од регионот, а како соработници на првиот сингл се јавуваат Сашо Поповски (гитара,
МКД), Џоле Максимовски (бас, МКД), Ермал Роди (саксафон, АЛБ) и Горан Савиќ Чаки (перкусии, СРБ).
Компилацијата е составена од 21 нумера, со наслов “The Best of 2011 – 2021”, и претставува ретроспектива на внимателно избрани авторски композиции објавени и создадени во изминатите десет години.
Овој компилациски албум ќе биде издаден преку скопската музичка куќа “Jazz Fortnight”, најнапред како ексклузивно дигитални издание. Сите љубители на џез музиката во наредниот период ќе имаат можност истата бесплатно да ја преслушаат на стриминг платформата “Bandcamp” преку следниов линк:
https://jazzfortnight.
Милан Петровиќ ја гради својата професионална кариера на музичката сцена веќе 25 години, низ соработка со добропознатите локални артисти како
Васил Хаџиманов, Аца Селтик, Скај Виклух, Бруно Мишетиќ, Душан Безуха, Борис Буњац, Бранко Исаковиќ, Иван Алексијевиќ, Владимир Маричиќ, а во рамките на компилацијата посебно внимание се посветува на соработката со женските глобални артисти како Соња Калајиќ, Ксенија Комленовиќ (САД),
Дијана Шеренчек (ХР), Вања Даниловиќ (БИХ), Маја Клисински, Александра Џорџевиќ, Мина Момчиловиќ, Дуња Поповиќ и Бојана Тодоровиќ.