Категории

Пролет во Јапонија – Црешите процветаа порано за прв пат после 70 години

Цветањето на јапонските цреши оваа година започна најрано во последните 70 години, а експертите наведуваат дека тие се најверојатната причина за климатските промени. Цветовите на црешата биле надгледувани од Јапонската метеоролошка агенција скоро 70 години и забележало дека првата цреша процветала оваа година во Кјото на 26 март.

Слични рекорди беа поставени во повеќе од десетина градови низ целата земја, пренесува Бета. Цветот на црешата „сакура“ обично цвета во април, кога Јапонија слави почеток на нова учебна и деловна година. Сепак, сега повеќето дрвја цветаат пред првиот училишен ден. Некои веруваат дека ова е најрано цветање досега, судејќи според записите од историски документи, дневници и поетски книги од Кјото.

Научникот за животна средина во Осака, Јасујуки Аоно, кој ги следи ваквите документи, рече дека најраното цветање пред оваа година било на 27 март 1612, 1409 и 1236 година. „Можеме да кажеме дека ова најверојатно се должи на влијанието на глобалното затоплување“, изјави службеникот на јапонската агенција за метеорологија Шунџи Анбе.

 

Прегледи:
1114
Објавено на:
03.04.2021