(ВИДЕО) Марија Спасовска во соработка со Дарко Димитров направија бум – Новата тинејџ песна „Број еден“ започна да освојува.
Младата музичка генерација полека ја освојува сцената. Како автор на музиката и текстот се потпишува самата Марија, режисерот позади видеото е Зоран Зонде Стојановски кој за овој проект доби инспирација од тинејџерската љубовна порака „те имам и те немам“. За изгледот на младата пеачка се погрижија Даниел Николовски и Мите Занов.