Категории

Розовото езеро Бурлин низ кое минува воз – Нема да поверувате дека оваа глетка е всушност реалност

(ВИДЕО) Овие нереални сцени не се резултат на Фотошоп, навистина можете да ги доживеете ако одите во Сибир.

Ова е езерото Бурлин во регионот Алтај во близина на границата со Казахстан, кое секое лето претрпува малку психоделична трансформација. Имено, секој август езерото станува розово. Како и во случајот со некои други примери во светот, ова не е загадување, туку последица на зголемената концентрација на ракчиња (Artemia salina), кои живеат во високосолена вода.

Сепак, она што го прави ова езеро навистина посебно е возот што сообраќа по него. Таму е со одредена цел, а тоа е жетвата на сол што се прави во ова езеро со векови, наводно од 1768 година. Возот го крева седиментот од дното и го собира во вагони и го филтрира.
Легендата вели дека руската царица Катерина Велика инсистирала да се користи само оваа сол со исклучителен квалитет. Патем, ова езеро произведува околу 65 000 тони сол годишно, што е еднакво на потрошувачката на сол во светот за три до четири дена.

 

Прегледи:
682
Објавено на:
06.04.2021