Целта на овој повик е мобилизирање на граѓаните околу конкретни акции засновани на принципи и идеи за солидарност, а со тоа директно да се поддржат луѓе и заедници кои имаат најголема потреба од поддршка во ова време.
Kolektiv Z – здружение за социјална и климатска правда објавува повик за имплементација на активности за интерсекционална солидарност.
Повикот е отворен за сите индивидуалци/организации/здрженија/иницијативи кои директно работат и дејствуваат со засегнати заедници, млади, млади од засегнати и маргинализирани заедници и пошироко. Со овој провик предвидена е мала финансиска поддршка на активност/и поврзани со импактот од кризата со Ковид-19 и праведно закрепнување од неа, со посебен акцент на колективно визионирање и методи на интерскеционалност.
За аплицирање потребно е да ја пополните формата која се наоѓа на овој линк: https://forms.gle/JxpVTAVGZuCggaUZ6
A дополнителните документи како прилог на оваа апликација (предлог буџет, наратив за активност, пример од спроведени активности, портфолио на вашата организација/иницијатива итн.) кои сметате дека ќе ја поддржат вашата апликација, испратете ги на [email protected].
Краен рок за аплицирање е 30.04.2021 (петок).
Зошто се потребни акции за интерсекционална солидарност?
Испреплетените кризи секогаш повеќе ги погодуваат веќе засегнатите и/или маргинализирани заедници, кои се секогаш во првите борбени линии за поголема општествена и економска правда. Ние веруваме и се бориме за свет каде секој од нас е слободен од стегите на патријахатот и капитализмот, и знаеме дека тоа може да го постигнеме само преку заедничко, колективно дејствување на база на солидарност и грижа за другиот.
*За повеќе околу интерсекционалноста како пристап и метод и интерсекционалната солидарност може да се прочита на овој линк.
Овој повик е поддржан од пан-европскиот проект SYSTEM:RESET од мрежата на Young Friends of the Earth Europe кој цели преку процесот на колективно визионирање да создаде предлог за национален, Балкански и Европски Зелен договор и е ко-финансиран од Европската Унија.
Однапред ви благодариме за споделување на оваа вест со јавноста.