Категории

Сокриената симболика позади накитот кој Кејт Мидлтон го носеше на погребот на принцот Филип

За време на погребот на принцот Филип, кој почина на 99-годишна возраст, сите погледи беа свртени кон членовите на британското кралско семејство. И уште од нејзиниот изглед се зборува за модниот избор на Кејт Мидлтон за оваа тажна пригода.

Сопругата на принцот Вилијам и идната кралица донела црн фустан од дизајнерката Кетрин Вокер, кој често го носи за јавни настани. Својот изглед го надополни со фасцинатор со црна мрежа, како и дијамантски ѓердан и обетки. Додека обожавателите на војвотката ширум светот беа воодушевени од нејзиниот избор, критичарите на кралското семејство сметаат дека изборот на накит е чин на поддршка на кралицата Елизабета.
Имено, ѓерданот што го носеше Кејт, кралицата го доби на подарок токму кога се омажи за принцот Филип, со кого беше во брак 73 години.

И обетките исто така имаат богата семејна историја. Кејт ги добила како подарок од кралицата Елизабета, а честопати ги носела на важни настани пред тоа, вклучувајќи го и раѓањето на нејзината ќерка, принцезата Шарлот. Исто така, имаше и такви кои се сеќаваа дека покојната Дијана, принцезата од Велс, го носеше истиот сет во една прилика.

„Вака изгледа жена која свесно се омажи за идниот крал и се подготвува за сè што носи овој предизвик. Достоинствено и скромно“ – коментираа фановите на војвотката на мрежите.

 

Прегледи:
818
Објавено на:
19.04.2021