Категории

Науката докажа: Љубителите на кафе имаат најмал ризик од развој на кардиоваскуларни болести

Честата потрошувачка на кафе е корисна за луѓето и може да доведе до позитивни промени во организмот, велат експертите од Медицинскиот центар на Универзитетот „Еразмо“ во Холандија.

За време на истражувањето, научниците открија дека љубителите на кафе имаат намален ризик од развој на болести на кардиоваскуларниот систем.

Покрај тоа, експертите го проучувале влијанието на овој пијалок врз одредени епигенетски маркери и откриле дека кафето ги менува хемиските маркери во човечката ДНК.

Исто така, се посочува дека во некои случаи промените што се случиле може да се пренесат на следната генерација. Сепак, засега нема точно објаснување за овој феномен, се наведува во материјалот објавен од „Newscientist“.

Прегледи:
456
Објавено на:
25.04.2021