Категории

И покрај разделбата, Катерина има посебно место во мојот живот – Искрено со Павле Камилоски

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски потекнува од познато галичко семејство. Со сто мераци зборува за Галичник. Не само за убавините на селото туку и за галичани, кои надалеку во светот се познати. Па, како што вели: Мојот прапрадедо од Галичник на времето извезувал кашкавал за Њујорк.

Во друштво се шегуваат кога ќе им кажам дека во Галичник е донесена првата машинка за бричење и ред други работи. А ако ме прашуваш дали се скржави? Не. Тие се домаќини. Павле потекнува од познато угостителско семејство, кое веќе 12 години го работи единствениот хотел „Неда“ во Галичник, често сврталиште и на обичните луѓе, но и на многу наши јавни личности или од странство.

„Не е лесно да се одржиш во оваа рбота. Јас и моето семејство се трудиме навистина многу оти која е целта ако некој еднаш дојде и никогаш повеќе не се врати“, раскажува Камилоски.

Од работа на брод до музика – не било лесно. Победата на талент-шоуто на бродот на кој работел е всушност моментот кога решил да почне да пее.

„На 27 години почнав да си го школувам гласот. Вљубен во медитеранската музика почнав да пеам и такви песни. Тоа ми донесе и интерпретации на песни по кои станав познат, но, конечно, и изведба на мои песни“, раскажува Камилоски. Недомана ја промовира „Љубовна рапсодија“ и вели дека е задоволен како ѝ се допаднала на публиката. За него јавноста дозна кога почна со настапите пред четири години со карванот „Мала Италија патува“ кога изведуваше медитерански песни и шансони. Тогаш ја запозна балерината Катерина Стевковска, се вљубија и почнаа заедно да ја промовираат неговата
музика.

„Иако не сме повеќе заедно, сепак, таа е посебен дел од мојот живот. Никогаш не ме интересираа предрасудите затоа што Катерина е повозрасна од мене, затоа што кога некого вистински го сакаш, неважни се годините“, раскажува Павле. За Галичник и за двете сестри, со кои е многу близок, за разделбата со Катерина, за животот на брод, за некој специјалитет и за претстојната Галичка свадба..“

 

Прегледи:
573
Објавено на:
23.06.2021