(ВИДЕО) Изминатиот викенд во Skopje City Mall се одржа тридневен Late Night Shopping. Оваа година, темата на тридневното шопинг искуство беше гламурозниот ретро Холивуд стил. Шопинг, забава и многу активности го збогатија настанот кој веќе традиционално е препознатлив по одличниот шопинг со големи намалувања и попусти.
„Среќни сме што добивме можност повторно да се дотераме, да шопингуваме, да се забавуваме и ѝ овозможивме на публиката на Late Night Shopping и оваа година да заблеска во полн сјај.” изјавија од менаџментот на Skopje City Mall.
Три дена одлични попусти, одличен шопинг, пропратен со мноштво активности интересни како за најмалите, така и за повозрасните. Преку активностите организирани во Skopje City Mall, посетителите имаа можност барем накусо да бидат дел од ретро холивуд забавите, да се фотографираат со специјално изработен ретро Инстаграм филтер кој ги претвораше во Холивудски ѕвезди или пак да ги фотографираат нивните имиња на „Патеката на славните”. За забавата да биде комплетна, беше организирано и освежување со коктели пропратено со ретро Холивуд музика. Најсреќните 5 добитнички на вредносен ваучер од 10.000 ден. , одбрани по случаен избор на Instagram giveaway, имаа ексклузивна шанса да шопингуваат со батлер и личен шофер на 02 јули.
Промоцијата која траеше до полноќ се одвиваше долж ходниците на првиот кат во молот. Модните парчиња на закупците беа на дофат на публиката, на еден сосема нов, необичен начин. На овој начин модните парчиња беа поблиску до случајните минувачи и истите имаа можност да да добијат повеќе информации за актуелните понуди и попусти.
Уште еден одлично поминат Late Night Shopping е само поголем мотив за вложување во нови и интересни активности во Skopje City Mall.
Следете нѐ на Facebook, Instagram и нашата веб страна и дознајте први за сите новитети. Ви ветуваме уште многу можности за забава и одличен шопинг во вашиот омилен трговски центар.