Категории

SKOPJE SOUNDS GOOD: Рецепт за еликсир на младоста! BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE, FUNK SHUI И SVEMIRKO НА „SKOPJE

После цели 16 години од неговото прво, па и последно одржување, Авалон го реобновува фестивалскиот бренд SKOPJE SOUNDS GOOD, овој пат со неверојатно свежа и актуелна комбинација на регионални артисти –  бендовите кои го претставуваат најдоброто од алтернативната музичка сцена во регионот: BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE, FUNK SHUI и SVEMIRKO. 

BUČ KESIDI, српското рок-електро-диско дуо, важат за поетски гласноговорници и претставници на духот на младината и нивната генерација. Нивниот последен албум ,,Euforija’’ го заокружува успехот на бендот, започнат со хит – синглот ,,Nema Ljubavi u Klubu”. Од 2019 па натаму, го промовираат својот  последен албум, заедно со концертниот филм ,,Euforija Uživo”, преку распродадени концерти во Белград, Нови Сад, Загреб, Крагујевац и Ниш, па сѐ до неверојатно еуфоричниот настап на главната бина на Exit Festival, на која настапија во prime time, пред повеќе од 10.000 фанови кои едногласно ги пееја нивните хитови.  Мистериозното загрепско дуо NIPPLEPEOPLE е на сцената од 2008 година кога и го издадоа првиот сингл „Broj“. Локалниот успех го претвораат во национален после објавувањето на песната „Sutra“, по што следеа и настапи на едни од најголемите регионални фестивали. Во 2017-та година бендот го промовираше новиот сингл „Frka“, која стана своевремена химна кај урбаната популација.

Заразната поп-електроника на Nipplepeople која реферира на 80-тите години, нуди современ урбан звук на електронската денс музика што ги прави Nipplepeople едни од најдобрите состави на Балканот.  Омилениот македонски бенд FUNK SHUI со својот исклучителен талент, харизма, енергија на сцена и константната работа во својот free flow израз, наголемо го разгори интересот кај публиката низ целиот Балкан и за брзо време стана еден од
најперспективните бендови во земјава и пошироко. Со градските химни како „Виулица“ и „Крик“, идните евергрини „Стаклени нозе“ и „Деца“, како и последните големи хитови „Метеори“, „Ветер“ и „Невреме“, Funk Shui заслужено го потврдија своето „место под сонцето“ на регионалната музичка сцена.

За само четири години, хрватскиот поп бенд SVEMIRKO лесно стана најбараната концертна сензација на Балканот. Овој еклектичен состав стана еден од
најинтересните современи појави на овие простори. Со деби албумот „Vanilija“, Svemirko се здови со бројни фанови и позитивни критики за релативно кратко време. Подоцна излегуваат албумите „Tunguzija“ и „Skalamerija“ кои носат фантастични мелодии и аранжмани, непогрешлива живописна поезија и луди ритми. Svemirko oтсвириле бројни концерти на Балканот и ја имаат оправдано довербата од публиката.

Фестивалот SKOPJE SOUNDS GOOD неслучајно ќе се одржи на 8-ми септември, Денот на Независноста на Македонија, на стадионот на АРМ, во срцето на Скопје.  Интенцијата на SKOPJE SOUNDS GOOD 2021 е да го спои најдоброто од Македонија заедно со најдоброто од регионот на независната регионална сцена, славејќи го младешкиот урбан, независен и пркослив дух! Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба утре, во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на  avalon.mk .

ВАЖНО: Овој настан ќе биде реализиран според протколите кои ќе бидат актуелни за време на одржувањето на настанот, a одобрени од Министерството
за здравство, за организација на јавни настани на отворено.

Ваша,
Авалон Продукција

Прегледи:
576
Категории:
Настани
Објавено на:
13.08.2021