Старост… Ќе ни дојде ненадејно, зад грб. И како со дланки да ни ги покрива очите, нема веднаш да погодиме за што се работи.
Ако не ми верувате, сетете се како некогаш ви изгледаа старите ученици од осмо одделени, кога го слушнавте првото училишно ѕвонче. Сетете се како ви изгледаа старите жени кои имаа триесет години кога ви подаруваа обетки. Сетете се како им се смеевте на оние кои се женеа во педесеттите години од животот, а вие одевте на прв состанок…
Душата воопшто не ја чувствува староста. Само огледалото и луѓето во автобусот кои ви персираат и отстапуваат место, ги потврдуваат моите зборови.
Не треба да се плашиме од староста, Таа не е ништо помалку убава од детството и младоста. Децата тоа го чувствуваат и затоа со нежност се доближуваат до постарите, а старите им возвраќаат на децата со иста нежност и наклонетост.
Светот би бил здодевен и страшно осиромашен кога би го лишеле од убавината на залезот на сонцето и прекрасните бои на есенската шума. Староста е во човечкиот свет исто што и ова ремек – дело на природата…
- Протојереј Андреј Ткачев