Категории

7-годишно момче пливало еден час за да го спаси своето семејство

7-годишното момче е прогласено за херој, откако го спаси своето семејство пливајќи еден час до брегот за да повика помош. Неговиот татко и малата сестра очајно се бореле со силните струи во реката во Флорида.

Ова семејство не можело ни да претпостави што ги чека, бидејќи идејата била да уживаат во риболов седејќи во закотвениот чамец. Додека таткото ловел риби, 7-годишниот Чејс и неговата 4-годишна сестра Абигејл си играле.

Одеднаш струењето во реката станало толку силно што малата Абигејл повеќе не можела да се држи за чамецот, па поради тоа Чејс морал да рипне во реката по неа за да ја спаси. За среќа, Абигејл носела спасувачки елек.

„Бев преплашен“, раскажува Чејс.

Откако таткото влегол во водата за да ја спаси ќерка си, Чејс пливајќи се упатил кон брегот за да побара помош.

„Им кажав дека ги сакам бидејќи не бев сигурен што ќе се случи. Се обидов да ги држам двајцата, а силните струи ја оттргнуваа Абигејл од мене“, раскажува таткото.

Иако имал потешкотии во пливањето, Чејс продолжил сѐ додека не стигнал до брегот. Од време навреме лебдел на грб за да има повеќе сила. Кога стигнал до копно, истрчал до најблиската куќа за помош. Во меѓувреме, неговите татко и сестра се оддалечиле многу од локацијата на бродот, според Одделот за пожар и спасување.

„Вриштев со сета сила во мене и мавтав со рацете со надеж дека некој ќе не слушне. Мојот мал човек стигна до брегот побара помош и ни ги спаси животите“, вели таткото.

Прегледи:
467
Објавено на:
09.09.2021