Категории

Ким Кардашијан ги помести границите во модата: Погледнете го нејзиното скандалозно издание на Мет Гала (ФОТО)

Ким Кардашијан секогаш сериозно го сфаќа појавувањето на црвениот тепих! Мет Гала е настан кој бара сериозно модно истапување, а последниве години Ким Кардашијан води на тоа поле.

Оваа година отиде чекор понатаму. Имено, се појавила во црна креација со потпис на модната куќа Баленсијага, додека на глава носела маска која го прекривала целото нејзино лице.

Креацијата ја истакнува линијата на нејзиното тело, бидејќи е тесна, а со маската не можеше да се види нејзиниот лик.

Само црната долга коса се гледаше надвор од костумот кој и го прекриваше лицето, рамениците, вратот, деколтето.

Додека модните стручњаци со воодушевување аплаудираа на нејзиното појавување, говорејќи како ова е иновативно, свежо и модерно, од друга страна коментарите на публиката се поделени. Едни велат дека нејзината појава е скандалозна, и дека изгледа лудачки или пак дека потсетува на бурка.

Прегледи:
508
Објавено на:
14.09.2021