Мишел Обама (57) светот ја запозна кога нејзиниот сопруг Барак Обама стана претседател на САД. Но, таа не е само жена на поранешен претседател. Таа е жена со високо образование, посветена мајка и одличен говорник.
Издала и книга во која го открива својот животен пат, но и правилата кои и помогнале кога и било најтешко. Нејзините цитати ќе ве мотивираат да станете подобри и поуспешни:
Сигурна сум дека едно од најлошите прашања што може да му ги поставите на детето е:„Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“? Како растењето да е крај на животот. Како жена во своите 50-ти години од животот, сѐ уште се развивам и трагам кон целите и се надевам дека така ќе остане засекогаш. Само така знаеш дека си жив.
Неуспехот се раѓа од сомнежот во себе. Внимавајте на своите мисли.
Успехот повеќе се вреднува ако сте постигнале сѐ сами, со свој труд и работа.
Да му посветите некому време е најубавиот подарок кој можете да му го дадете.
Една од најважните лекции кои ги научив е да останам верна на себе и да не дозволам други да ми говорат што смеам а што не смеам да правам.
Нема никава магија во остварувањето на целите. Сѐ се сведува на тешка работа, вистински избори и упорност.