Категории

Оваа девојка вози автобус, а сите и велат дека е премногу убава за таа професија

Поранешната негувателка која сега работи како возач на автобус вели дека патниците постојано и говорат дека е премногу убава за оваа професија.

Џоди Фокс од Есекс ветила дека ќе се бори против ваквите стереотипи во својата работа во која ужива последниве три години.

Ја променила кариерата откако видела оглас за возачи на автобус и одлучила да се пријави бидејќи отсекогаш сакала да вози. Но, оттогаш вели дека мора да се бори претежно со машки патници кои го коментираат нејзиниот изглед.

Без разлика на сѐ, Џоди вели дека и понатаму сака да вози автобус и ја сака својата работа.

Прегледи:
513
Објавено на:
21.09.2021