Категории

Како изгледа кучето со најдолги уши? Лу има уши долги 34 центиметри

Лу, тригодишната женка од САД со уши долги речиси 34 цм, е запишана во новото издание на Гинисовата книга за рекорди за 2022. година како куче со најдолги уши.

Ова куче заврши во трката за рекорди затоа што нејзината сопственичка ја набуљдувала подолго време и заклучила дека се разликува од другите кучиња по големината на ушите.

Пејџ Олсен, ветеринарски техничар и сопственичка на кучето раскажува дека за време на карантинот бидејќи поминувала повеќе време дома, забележала дека ушите се навистина долги и решила да ги измери. Така одлучила и да го пријави во комисијата за Гинисови рекорди.

Погледнете како изгледа Лу.

Прегледи:
457
Објавено на:
22.09.2021