Категории

Среќа на денот: Учениците од ООУ„Др. Владимир Полежиноски“ од Кичево, секој ден одат со велосипед на училиште

Одењето на училиште со велосипед е забавен, здрав и безбеден начин на превоз. За жал, сѐ уште не можеме да кажеме дека поголемиот дел од учениците кај нас го практикуваат тоа, иако во поразвиените земји каде што свесноста за придобивките од возењето велосипед е на високо ниво, тоа е секојдневие.

Фото: Вело Училишта

Но, сепак, и кај нас има примери со кои што се гордееме. Таков е случајот со учениците од основното училиште во Кичево „Др. Владимир Полежиноски“ кои секојдневно одат на училиште со велосипед.

„Петок 24.09.2021, надворешна температура во Кичево само 3 степени, а учениците вртат педали бестрашно. И така секој ден, и така секој петок.

Дечки СЕКОЈА ЧЕСТ, мотивација сте за сите нас. Огромна благодарност до наставничката Славица Блажевска која постојано не апдејтира со нови фотографии“, стои во објавата на фејсбук страницата на Вело Училишта – програма која има за цел да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија.

Се надеваме дека набргу ќе слушаме сѐ почесто вакви прекрасни вести кои влеваат надеж во новите генерации.

Прегледи:
513
Објавено на:
24.09.2021