Категории

Ова се најмудрите мисли кои ќе ги прочитате денес: Зборовите на Вил Смит го менуваат погледот на светот!

Вил Смит е еден од најпознатите холивудски актери на денешницата, а за себе вели дека бил обичен човек кој мечтаел да постигне големи нешта.

Цврсто верува во принципот на добри мисли и дека сѐ во животот може да се постигне ако доволно веруваме во успех. Некои негови мисли може да ни послужат како инспирација и мотивација да одиме напред уште похрабро и подобро.

  • Ако сте отсутни во текот на мојата борба, не очекувајте да бидете дел од мојот успех.
  • Смеењето е најдобар начин да се соочите со секој проблем, да го срушите секој страв и да ја скриете болката.
  • Сакам да правам добри нешта. Сакам светот да стане подобро место бидејќи јас сум живеел. Сакам мојата работа, моето семејство да има смисла. Ако некому не му го правите животот подобар, губите време. Вашиот живот ќе стане подобар кога на другите ќе им ги разубавите животите.
  • Не им дозволувајте на другите да ви кажуваат дека нешто не можете. Ако имате сон, чувајте го. Оние кои не веруваат во вас, самите не постигнале ништо во животот. Ако нешто сакате, одете по него. Вие тоа го можете. Точка.
  • Краткиот рецепт за среќа гласи вака. Овие 10 нешта се најважни: Слушајте, говорете, давајте, молете се, одговорете, поделете, уживајте, доверете се, простете, ветувајте и исполнувајте.
  • Составен дел од мојот успех е смешната, болна работа етика. Додека другите спијат јас работам.
  • Не се обидувајте да изградите ѕид. Не верувајте дека ќе го изградите најголемиот ѕид виден некогаш. Водете се од мислата дека ќе ставите една цигла, најсовршената цигла која постои, и тоа правете го секој ден сѐ додека не изградите ѕид. Најтешко е да го направите првиот чекор кога знаете колку тешка борба ве очекува. За мене обврската никогаш не е тешка, тоа е само уште една цигла.
  • Првиот чекор сте го направиле во моментот кога сте поверувале дека можете.
  • Голем дел од луѓето трошат пари кои не ги заработиле, за да купат работи кои не им се потребни, за да ги восхитат луѓето кои не им се допаѓаат.
  • Престанете да им дозволувате на луѓето кои не прават ништо за вас да управуваат со вашите мисли и емоции.
  • Успехот не е никаква чудесна, недостижна боженствена работа која можат да ја постигнат само некои од нас. Тоа е нешто што навистина постои, во секој од нас. Многу е едноставно: „Тоа го сакам и спремен сум да умрам за тоа.“
  • Никогаш не ја потценувајте болката бидејќи искрено сите се мачиме. Само некои од нас тоа подобро го кријат од другите.
  • Нејзината среќа не е моја одговорност. Таа треба да биде среќна и јас треба да бидам среќен самостојно. Потоа, кога сме заедно да ја споделиме среќата. Да му дадеш некому одговорност да те направи среќен ако не можеш сам е себично.
Прегледи:
519
Објавено на:
27.09.2021